Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тројца астронаути се вратија од Меѓународната вселенска станица

/

пред 298 дена

Сподели преку :

Еден американски астронаут и двајца руски космонаути се вратија на Земјата од Меѓународната вселенска станица. Астронаутот Џони Ким и космонаутите Сергеј Рижиков и Алексеј Зубрицки слетаа во Казахстан, по 245 дена во вселената.

Вселенскиот брод Сојуз се одвои од станицата синоќа над источна Монголија и слета рано утрово во базата.

Нивните места ги пополнија астронаутот Крис Вилијамс и руските космонаути Сергеј Микаев и Сергеј Куд-Сверчков, кои ќе поминат околу осум месеци на орбиталната станица.