Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тројца осомничени за напад врз полицајци во Скопје

/

пред 441 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица, осомничени за напад врз полициски службеници при вршење работи на безбедноста. Настанот се случил на 5 август на улицата „Босна и Херцеговина“ во Скопје, кога тројцата осомничени заедно со едно дете физички нападнале тројца полицајци кои постапувале по дојава за присуство на вооружени лица.

Според обвинителството, осомничените одбиле легитимација и ги нападнале полицајците со боксови, при што дошло до физичка пресметка.

Полицајците успеале да ги совладаат и приведат напаѓачите, додека за детето ќе се води постапка согласно Законот за правда за децата.

Јавниот обвинител предложи мерки на претпазливост за осомничените, вклучувајќи забрана за напуштање на живеалиштето, редовно јавување кај надлежен орган и привремено одземање на патна исправа.