Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трпеноски: Кога политичарите велат „помало зло“ тогаш постои ризик од правна несигурност и од неказновост

/

пред 242 дена

Сподели преку :

Зошто со години тапкаме во место? Кои се жариштата и изворите на корупција?

Во Топ Тема дебата со Благоја Пандовски, претседател на „Транспаренси Интернешнл-Македонија“ и Горан Трпеноски, поранешен антикорупционер

Зошто да не се вратиме на Кривичниот законик пред 2023, а веќе имаме нови измени?

  • Имаше проблем со транспарентноста, немаме никаков увид, добивме пласирани измени на КЗ, тука има два суштински проблема – Поимот корист е недоволно дефиниран- има тргување со влијанија, имотна корист и слично, истакна Пандовски.

Според него вториот проблем е дали тие измени ќе дадат функционална можност за гонење, или ќе дадат делумна. Но, рече тој, ако гледаме функционално она што беше во 2023 и она што сега се пласира не ги задоволува потребите за ефикасна борба против корупцијата.

Трпеноски го коментираше изразот „помало зло“, како што рече претседателката на државата, тоа е според него политичка формулација, „таа тоа мислам дека го кажа повеќе дипломатски“.

  • Но, во правото не смее да се функционира по логика на штета туку по принципот на правна сигурност и владеење на правото, Кога политиката вика „помало зло“ тогаш мислам дека постои ризик од правна несигурност или дека има ризик од неказновост, вели поранешниот антикорупционер.

Б.С.