Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Труење со заостанати велигденски јајца во Кавадарци, докторите апелираат на внимателност

/

пред 168 дена

Сподели преку :

Помош во итната медицинска помош побарале две жени на возраст од 62 и 56 години во Кавадарци, каде биле медицински третирани под сомнеж за труење со заостанати велигденски јајца.

Едната била задржана на болничко одделение во кавадаречката болница, а другата, по неколкучасовно медицинско следење, сама изразила желба да си оди дома, бидејќи, како што рекла, се чувствувала подобро.

Оваа информација ја потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, началник на Службата за итна медицинска помош во Кавадарци.

Ратко Грков, доктор во Итна медицинска помош број еден, рече за МИА дека и во негова смена, имало пациенти кои се пожалиле на лесни симптоми на труење, а кажале дека претходно консумирале велигденски јајца.

Паракеов и Грков апелираа до населението за внимателност при консумирање преостанати велигденски јајца од празникот, до цел да се избегнат несакани последици од консумирање постара храна.