Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Турција е подготвена да преземе 1.000 луѓе болни од рак од болницата во Газа

/

пред 1067 дена

Сподели преку :

Турција соопшти дека е подготвена да прими болни од рак од болницата „Турско-палестинско пријателство“ во Газа, која престана да работи поради недостаток на средства по бомбардирањето.

  • Подготвени сме да ја дадеме сета поддршка за продолжување на лекувањето на болните од рак кои поради недостиг на средства беа насилно отпуштени од болницата. За жал, меѓународната заедница и релевантните институции не презедоа доволно иницијатива за да се спречат нападите врз болницата. Животот на пациентите сега е должност од која не може да се побегне, напиша на Твитер турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Претходно Обединетите Арапски Емирати објавија дека планираат да лекуваат 1.000 палестински деца од Газа, без да прецизираат како тие ќе бидат префрлени од енклавата во заливската држава.