Турскиот парламент го изгласа долгоочекуваното одобрување за членство на Шведска во НАТО. Предлогот законот што пред три месеци го поднесе претседателот Реџеп Таип Ердоган, доцна вечерва беше ратификуван од турските пратеници.
Од Ердоган се очекува да го потпише законот во наредните денови. Турското одобрување ја остава Унгарија како единствена држава која сè уште не го ратификувала шведското членство во НАТО.
Шведска поднесе барање за членство во НАТО во мај во 2022 година, во исто време со Финска. Потегот беше историска промена на шведската безбедносна политика, што беше последица на руската инвазија врз Украина.
Турција и Унгарија, кои имаат подобри односи со Русија за разлика од други членки на Алијансата, дадоа приговори, забавувајќи го процесот кој бара едногласност од сите земји членки. Финска, конечно, се придружи на НАТО во минатата година, но официјална Анкара изврши притисок врз Стокхолм за заострување на ставовите кон курдската Работничка партија со седиште во Шведска.
Шведска веќе потпиша договор со САД на кои им даде целосен пристап за 17-те нејзини воени бази и го започна процесот на интеграција во НАТО.











