Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Турција посредува за намалување на тензиите меѓу Сомалија и Етиопија

/

пред 842 дена

Сподели преку :

Турција почна да посредува за намалување на дипломатските тензии меѓу Сомалија и Етиопија, објавија турските медиуми.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан вчера во главниот град Анкара се сретна со својот етиопски и сомалиски колега.

Министрите за надворешни работи на Сомалија и Етиопија „успеаа да имаат искрен, срдечен и прогресивен разговор“ за нивните разлики, се вели во соопштението објавено од турското Министерство за надворешни работи.

Министрите за надворешни работи на Сомалија и Етиопија ја потврдија својата посветеност за мирно решавање на нивните разлики и изразија благодарност до Турција за нејзината соработка и конструктивен придонес во напорите за решавање на проблемите меѓу нив, се вели во соопштението.

Втора рунда разговори е планирана во турската престолнина Анкара на 2 септември, објави Хакан Фидан.

Тензиите меѓу двете африкански земји се зголемија откако Етиопија потпиша меморандум за разбирање со регионот Сомалиленд во јануари.

Меморандумот требаше да и дозволи на Етиопија пристап до морето преку Сомалиланд, а за возврат Етиопија ќе го признае Сомалиленд како независна држава.

Турција, која е членка на НАТО, има блиски односи со Сомалија и е нејзин водечки економски партнер.

Сомалија две децении е дом на Ал Шабаб поврзана со Ал Каеда, што ја прави една од најопасните земји во светот. Спротивно на тоа, Сомалиленд е релативно мирна територија, иако неодамна имаше судири долж нејзината источна граница.