Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Туристка загина откако карпа падна врз хотел на грчкиот остров Крит

/

пред 1435 дена

Сподели преку :

Една жена го загуби животот, а нејзиниот 10-годишен син е полесно повреден откако во текот на ноќта се одронила огромна карпа и паднала врз хотелот во кој престојувале во туристичкото место Агиа Фотја во југоисточниот дел на грчкиот остров Крит.

Нејзиниот сопруг воопшто не бил повреден, затоа што спиел во делот на собата кој не бил допрен од урнатата карпа.

Четири часа им биле потребни на спасувачите да го извлечат безживотното тело на жената, а од падот на карпата уништени се уште неколку соби, кои за среќа биле празни.