Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсен осомничениот за убиството во Хром

/

пред 1098 дена

Сподели преку :

Оперативните тимови за потраги на подрачјето на скопската населба Влае денеска го уапсиле осомничениот за убиството во зградата на улица „Исаија Маџовски“. По него беше распишана потерница, а во текот на вчерашниот дена беше поднесена и кривична пријава по брза постапка за извршени две кривични дела, „убиство“ и „тешки дела против општата сигурност“, информира МВР.

„По преземени сеопфатни оперативно-тактички мерки и активности во претходните неколку денови, лицето во 14.10 часот е забележано во близина на  мостот „Обединети нации“ и при обид за бегство е фатено и  приведено во полициска станица, по што ќе биде изведено пред надлежен судија“, се наведува во соопштението на МВР.

Вчера беше уапсена и неговата мајка, која, како што објави Обвинителство, зела пластично шише и отишла до најблиската бензинска пумпа, купила литар и пол гориво и во соизвршителство со синот подметнале пожар со намера да ги прикријат трагите за извршеното свирепо убиство.

Осомниченото лице за убиството денеска во 14.10 часот е забележано во близина на  мостот “Обединети Нации” и при обид за бегство е фатено и  приведено во полициска станица, по што ќе биде изведено пред надлежен судија.