Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсен уште еден напаѓач на полицијата во Косово – во селото Бањска влезот се уште забранет

/

пред 1104 дена

Сподели преку :

Тензии на Косово, во Бањска се уште е забранет влезот во селото… Затворени се административните премини Јариње и Брњак во правец на Косово и Метохија…

Доцна синоќа продолжи акцијата на косовската полиција во насока на пронаоѓање на групата која изврши напад врз косовските полициски службеници,  а која според косовското Министерство за внатрешни работи броела 30 лица, маскирани и во униформи, кои поседувале тешко оружје,

Kосовска полиција соопшти дека надлежните полициски единици уапсиле уште еден од напаѓачите, кој бил во воена униформа и вооружен со пушки и муниција. Според информациите на косовските власти во престрелките убиени се три лица, а четворица други се осомничени дека се поврзани со групата откако кај нив била пронајдена  нелегална опрема за комуникација…

Безбедносната состојба на северот од Косови и во текот на ноќта беше тензична…  Косовската полиција соопшти и дека при контрола на одредени локации, стамбени згради и возила, како и во возилата околу манастирот во селото Бањска бил пронајден голем арсенал на оружје и муниција.

Косовската претседателка Вјоса Османи го прогласи понеделник, 25 септември, за ден на жалост во Косово во чест на полицискиот старешина, Африм Буњаку, кој беше убиен во нападот на вооружена група на северот на земјата, соопштија од нејзиниот кабинет.