Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсен жител на Звечан, сакал да присуствува на погреб на еден од убиените од вооружената група кај Бањска

/

пред 1099 дена

Сподели преку :

Косовската полиција денеска на граничниот премин Јариње го уапси Србинот Лазар Ј. од Звечан. Како што пренесуваат српските медиуми, тој одел на погребот на Стефан Недељковиќ кој загина во последните немири во Косово.

Граничните премини Јариње и Брњак се уште се затворени за влез во Косово.

Овој нехуман и нецивилизиран чин ја покажува сета антисрпска природа и вистинското лице на режимот на Албин Курти и Приштина, за кој ништо не е свето, па дури и моментот на најголема тага. Тагата на Србите се користи за угнетување и пресметка со нашиот народ, се вели во денешната реакција на Канцеларијата за Косово и Метохија.

Додаваат дека Лазар без причина бил изваден од автомобилот во кој се наоѓал и дека е приведен на преминот Јариње, додека остатокот од колоната Срби што отишле на погребот продолжиле кон Врњачка Бања.

Канцеларијата за Косово и Метохија обезбеди адвокат кој се обидува да ги утврди сите околности за неговото апсење.