Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсени девет луѓе во Италија – собрале милиони евра средства за Хамас

/

пред 289 дена

Сподели преку :

Италијанските власти уапсија девет луѓе поврзани со три добротворни организации под сомнение дека собрале милиони евра средства за палестинската милитантна група Хамас, соопштија денеска обвинителите за антитероризам.

Осомничените се обвинети дека испратиле околу седум милиони евра до здруженија со седиште во Газа, на палестинските територии или во Израел, кои се во сопственост, контролирани или поврзани со Хамас.

Меѓу уапсените е претседателот на палестинското здружение во италија, соопштија обвинителите, опишувајќи го како шеф на италијанската ќелија на организацијата Хамас.

Според италијанските обвинители, кои во истрагата соработувале со други земји од ЕУ, нелегалните средства биле доставени преку банкарски трансфери или преку организации со седиште во странство до здруженија со седиште во Газа, кои Израел ги прогласи за нелегални поради нивните врски со Хамас.