Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсениот Анакиев барал 100.000 евра за увоз на забранета стока

/

пред 201 дена

Сподели преку :

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, 41-годишниот Васе Анакиев. од Кочани, денеска (20 март) е лишен од слобода во голема полициска акција под сомнение за примање поткуп.

–Со цел стекнување на противправна имотна корист од сопственик на правен субјект кој се занимава со увоз, индиректно преку лице шпедитер побарал поткуп во износ од 100.000 евра, за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши. На оштетеното лице му било образложено дека за стоката која што ја увезува има забрана за влез и дека истата треба да се врати, бидејќи не е во согласност со важечките законски прописи и дека претходно од страна на Државниот инспекторат за земјоделство бил изготвен записник. Со цел увозот да се изврши непречено, на оштетеното лице му биле побарани 100.000 евра, кои требало да ги предаде во три наврати и тоа во еден наврат износ од 50.000 евра и во два наврати по 25.000 евра, стои во соопштението од МВР.

На 19.03.2026 било извршено  примопредавање на НА 50.000 евра како прва рата од побараниот поткуп, при што истите првично од оштетеното лице ги презема шпедитерот, со цел подоцна да ги предаде Анакиев. Откако Анакиев ги земал парите при прегледот на патничко моторно возило, под совозачкото седиште, парите се пронајдени и одземени.