Кошаркарскиот натпревар што се одржа на 2 -ри август во Спортската сала во Куманово доби бура на реакции и критики поради навредливото скандирање. Од СВР Куманово информираат дека веќе се повикани неколку осомничени лица на службен разговор, а по координација со Основното јавно обвинителство Куманово ќе бидат преземени конкретни законски мерки, вклучително и кривични постапки.
Како што соопшти МВР, денеска полициски службеници го лишиле од слобода С.М. (30) од Куманово, кој на полувремето од натпреварот се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина. „По целосно расчистување на случајот против него ќе следи соодветен поднесок“, информираат од Министерството.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните и навивачките групи да навиваат исклучиво во спортски дух, без говор на омраза и без навреди по лична, етничка или верска припадност. Од МВР нагласуваат дека секое нарушување на јавниот ред и мир на спортски натпревари ќе биде најстрого санкционирано.











