Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Убиени 12 лица, меѓу нив и доктори и пациенти – Ал Џазира објави дека Израел ја нападнал индонезиската болница во Газа

/

пред 1074 дена

Сподели преку :

Најмалку 12 лица се убиени во напад на израелските сили врз индонезиската болница во Појасот Газа, објави Ал Џазира. Меѓу жртвите, според ТВ станицата, има и доктори и пациенти додела израелските тенкови продолжуваат со опколување на објектот.

Главната операциона сала е уништена, изјави извор од болницата за Ал Џазира. Медицинскиот тим информира дека болницата била нападната во текот на ноќта, без претходно предупредување и оти персоналот бара итна помош од Обединетите Нации и Црвениот Крст.

Израел претходно обвини дека индонезиската болница е база за операциите на Хамас што управата го негираше. Израелски тенковски гранати го погодија и кувајтското училиште во близина во кое се засолнуваат стотици семејства.