Над 400 милитанти се убиени во јужен Израел и во Појасот Гаса, а десетици се заробени, изјави портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари.
„Моментно има сили кои се борат во Кфар Аза, во тек се потраги во голем број на градови. Израелските сили се наоѓаат насекаде, нема град во кој ги нема“, додаде Хагари.











