Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Убиени шефот на Хамас за безбедност и целата негова фамилија, загинаа уште неколку лидери на милитантната група

/

пред 1081 дена

Сподели преку :

Медиумите поврзани со Хамас објавија дека Јехад Мхеисен, шеф на безбедносните сили на палестинската милитантна група, е убиен во Газа, пренесе „Би-Би-Си“. Исто така се наведува дека се убиени и сите членови на неговата фамилија.

Вдовицата на коосновачот на Хамас, Абдел Азиз ал-Рантиси, исто така, е наводно убиена во текот на изминатата ноќ.

Тие се последните високи лица во Хамас кои го загубија животот во она што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го опиша како долга војна што неговата земја ја води против Хамас.

Агенцијата АФП вчера објави дека Јамила Ал-Шанте, прва жена која беше изб рана во политичкото раководство на Хамас, е убиена во израелски напад. Претходно оваа недела, израелските одбранбени сили во објава на платформата Х наведоа дека е убиен и Ајман Нофал кој е опишан како „високо позициониран во Хамс“.