Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Убиство и самоубиство во Демир Капија- 64-годишен маж пукал во соседот и потоа се самоубил

/

пред 1253 дена

Сподели преку :

МВР за МИА информира дека демиркапијците кои изутрината беа најдени со прострелни рани во нивните домови се на возраст од 72 и 34 години.

– Денеска  во 06.50 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид, соопштија од МВР.

Убиство и самоубиство ја потресе демиркаписката и Тиквешката јавност.

Видно потресен, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров потврди за  МИА дека се случил немил настан, но не знаеше да каже детали за случајот. Изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило.

Според неофицијални информации, имало и проштално писмо оставено од човекот што го извршил убиството, па се самоубил.

Според првичните сознанија, повозрасниот демиркапиец по претходна расправија пукал во соседот што живеел над него во зграда, па се самоубил.

Кобна соседска нетрпеливост во Демир Капија – со месеци го пријавувал, денеска го убил и си пресудил

 

 

ОЈО Кавадарци се уште врши увид во зградата во која се пронајдени тела на две починати лица. Се преземаат дејствија за испитување на настанот.

Како што објави Фокус двајцата соседи имале претходни недоразбирања подолг период. Живееле во иста зграда, а за меѓусебните недоразбирања пријавувале и во полиција.