Учебната година започна без учебници за учениците од прво до петто одделение. Ќе учат од работни материјали во кои се собрани четири предмети, меѓу нив македонски јазик и математика.
Министерот Јетон Шаќири се надева дека учебниците за овие одделенија ќе се испечатат пред почетокот на второто полугодие, затоа што како што кажа се бира фирма која ќе ги печати.
- Постои надеж дека учениците од прво, второ, трето, четвро и петто оддление од основните училишта ќе добијат учебници пред второ полугодие. Се уште не е избрана фирма која ќе ги печати, изјави Шаќири, а на новинарското прашање „чија одговорност е тоа“ рече „вашето прашање е тенденциозно“.











