Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Угина една од двете мечки во битолската зоолошка градина

/

пред 774 дена

Сподели преку :

Угина една од двете мечки во битолската зоолошка градина. Станува збор за мажјак на околу  четириесетина години, а смртта според надлежните во ЗОО Битола настапила поради старост. Пртходно животното немало здравствени проблеми.

  • Животното според  интерната евиденција досега нема белешки за посериозни здравствени проблеми и при актуелното влошување на состојбата веднаш е лекувано од ветеринарен доктор, но за жал без успех.  Живеалиштето  ги задоволува минималните просторни и хигиенско-технички услови за сместување на овој вид пропишани со  законските прописи и меѓународните стандарди, наведуваат од Зоолошката градина во Битола.

Директорот на Зоолошката градина во Битола, Жарко Тренкоски, кој денес е прв ден на оваа функција уверува дека смртноста во установата е во рамки на просекот и се должи на возраста на животните. Досега не се евидентирани угинувања од заразни болести или труења.

И Тренкоски , како и неговиот претходник, потврдува дека најголем проблем во битолската Зоолошка градина е недостигот на стручен кадар.

Телма пред неполн месец  известуваше  за исклучително тешката состојба во ЗОО градината, каде  за 3ОО животни се грижат само 10 вработени,  иако се потребни трипати повеќе, а 15 години нема обнова на кадарот кој заминува во пензија.

Советот на Општина Битола  ја изгласа програмата за вработување за следната година. Зоолошката градина, која е установа со поделена надлежност меѓу локалната и централната власт, очекува согласности за нови вработувањеа од Министерствата за култура и финансии.

Емилија Мисирлиевски