Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УХМР со жолто предупредување за поплави – две третини од Македонија под потенцијална опасност

/

пред 278 дена

Сподели преку :

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде „жолто ниво“ на предупредување поради зголемен ризик од поплави и потенцијално локално излевање на реките и суводолиците. Според објавената карта, под потенцијална опасност се наоѓаат околу две третини од територијата на Македонија, додека побезбедни се делови од источна и југоисточна Македонија.

Обилните дождови што ја зафатија земјава вчера и во текот на ноќта доведоа до зголемување на водостојот на реките, а на одредени места се регистрирани и излевања и поплави. Надлежните апелираат на внимателност.