Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УЈП и синдикалците од денес се помируваат со посредство на медијатор – вработените бараат повисоки плати за 30%, но засега безуспешно

/

пред 1193 дена

Сподели преку :

Во Управата за јавни приходи денеска започна процесот на помирување помеѓу УЈП и синдикалната организација „Солидарност“, со посредство на помирувач.

Вработените бараат повисоки плати за 30%, а помирувањето помеѓу синдикатот и УЈП кои никако не можат да се договорат, ќе се одвива во неколку фази.

Толкувањето на законот вели дека има 10 дена рок откако ќе започне процесот, а според друг став засегнатите страни имаат 20 дена за работата на одборот.

И едните и другите велат дека ќе му дадат шанса на процесот и оптимисти се дека ќе има решение. Синдикатот на УЈП бара зголемување на платите кое е предвидено со постоечкиот колективен договор кој е на сила.

Синдикалците од УЈП се повикуваат на член 66 од Законот за Буџети и автентичното толкување по тие одреби од Собранието, а покрај тоа инсистираат и на нов Колективен договор.

Членовите на Синдикатот при УЈП од 15 јуни започнаа со протести на работните места во времетраење од 10 до 12 часот, без да ги извршуваат работните обврски, во знак на револт заради ниските плати.