Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УЈП: Изречени 126 глоби од 907 контроли во ноември, најголем дел од даночните обврзници работеле законски

/

пред 677 дена

Сподели преку :

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека од вкупно 907 контроли, согласно Законот за регистрирање готовински плаќања кои ги спровела минатиот месец (од 1 до 30 ноември), кај 750 даночни обврзници не биле утврдени неправилности.

„Тоа покажува дека голем број даночни обврзници работеле во рамки на законските прописи. Сепак, кај 126 даночни обврзници УЈП  утврди неправилности, кои се однесуваат на различни прекршоци и издаде прекршочни платни налози, како и решенија за привремена забрана за вршење на дејност на дел од нив“, информира Управата.

Како што наведува во соопштението, 93 глоби биле изречени за неиздавање фискални сметки за извршен промет на добра и услуги, 10 глоби за неводење или непоседување книга за дневни финансиски извештаи, 16 глоби за непоседување резервен фискален систем на опрема, четири глоби за непоседување одобрен фискален систем на опрема, две глоби за неиздавање парагон блокови и една глоба за неприкажување промет од македонски производи.

УЈП напоменува дека во овие случаи, „целта не е само санкција, туку укажување и поддршка во правилната примена на законот и даночно усогласување на обврзниците“.