Концентрациите на ПМ10 честичките во Скопје и во Струмица се под алармантниот праг, соопшти Министерството за животна средина. Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем, среднодневните вредности на 22 декември се под прагот на алармирање од 150 микрограми на кубен метар.
Со тоа е прекината епизодата на надминување на алармантниот праг за ПМ10 честички во двата града, поради што престануваат да важат сите претходно воведени мерки и препораки за заштита на населението. Од Министерството информираат дека и натаму ќе ја следат состојбата со квалитетот на воздухот и доколку повторно дојде до зголемување на загадувањето, навремено ќе бидат преземени соодветни мерки.











