Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украина и Русија со спогодба за размена на загинати војници и ранети затвореници

/

пред 503 дена

Сподели преку :

За нешто повеќе од еден час заврши денешната рунда преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул. Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи оцени дека средбата завршила без негативен резултат.

Украинскиот министер за одбрана и главен преговарач на Украина, Руслан Умеров, рече дека Украина предложила на Русија нов состанок кој би требало да се одржи меѓу 20-ти и 30-ти јуни, велејќи дека тоа е неопходно за да напредува преговарачкиот процес.

Двете страни прифатија размена на тела на шест илјади загинати војници, а договорена е и размена на тешко ранети затвореници или помлади од 25 години.

„Разговорите во Истанбул штотуку завршија и сега чекам целосен извештај од министерот Умеров (украинскиот министер за одбрана). Тие разменија документи преку турската страна и сега ние подготвуваме ново ослободување на воените заробеници“ изјави Володимир Зеленски, украински претседател.

Украинската страна тврди дека Русија ја одбила понудата на Киев за безусловен прекин на огнот. Русија, пак, предложила на Украина делумен прекин на огнот во траење од два-три дена.