Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украина можеби нема да преживее и со наша помош – Трамп, сепак, оптимист во пресрет на средбите во Саудиска Арабија

/

пред 588 дена

Сподели преку :

Украина можеби нема да преживее и без нас и со наша помош, порача американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“. Од денеска до среда Саудиска Арабија е домаќин на нов сет на дипломатски средби, со посредство на Соединетите Американски Држави, во обид да се изнајде начин за крај на војната во Украина. Државниот секретар Марк Рубио пристигна во Џеда, каде се очекува да има одвоени разговори со претставници на Киев и на Москва. Оптимизам за напредок има и кај Трамп, според кого запирање на крвопролевањето би било во интерес и на Украина и на Русија.

Претстојните средби во Џеда се исклучително важни за украинската страна. Нејзини претставници се надеваат дека ќе успеат да ги поправат нарушените релации со Вашингтон, особено по жестоката дискусија пред камери меѓу Трамп и Венс со Зеленски при посетата на претседателот на Украина на Белата куќа.

Американски претставници, пак, ќе сакаат да видат дали Украина е подготвена да го подобри односот со администрацијата на Трамп, но и да направи материјални отстапки кон Русија за крај на војната, рекоа двајца членови во делегацијата на САД кои инсистираа на анонимност. Но, улогата на домаќин ќе сака да ја искористат и саудиските власти, сметаат аналитичарите.

Американската администрација ја „замрзна“ испораката на оружје за Украина. Одлуката за „замрзнување“ и на разузнавачки информации за Киев, Трамп викендот најави дека ја суспендира и ќе продолжи со нивна размена. Критичарите на Трамп, пак, предупредуваат дека неговите потези ја засилуваат руската позиција и ризикуваат продолжување на војната на истокот на Европа.

Сашко Димовски