Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украина: Северна Кореја ѝ испорачува 6,5 милиони гранати и 600 ракетни лансери на Русија

/

пред 446 дена

Сподели преку :

Северна Кореја ѝ испорачала на Русија околу 6,5 милиони артилериски гранати и 600 ракетни лансери и системи на вооружување во рамки на воено-техничката соработка, соопшти надворешната разузнувачка служба на Украина (ФИСУ).

Според информациите на ФИСУ, Северна Кореја станала „главен странски добавувач на муниција за речиси сите артилериски системи“ на Русија, пренесува агенцијата Јонхап.

Испораките, според ФИСУ, вклучувале различни видови на артилериски оружја, минофрлачи, ракет ни системи и повеќецевни ракетни фрлачи, меѓу кои и балистички ракети со краток домет – КН-23 и КН-24, како и повеќецевни ракетни фрлачи – КН-25.