Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украина тврди дека нападнала руски воен брод на оддалеченост од 1.800 километри

/

пред 297 дена

Сподели преку :

Генералштабот на украинската армија соопшти дека синоќа со дронови го нападнала руски воен брод „Охотник“, кој патролирал во близина на нафтена и гасна платформа во Касписко Море.

Нападнатиот реон е оддалечен повеќе од 1.800 километри од украинскиот брод.

Во соопштението на ГШ на украинската армија се наведува дека во нападот погодена е и платформа за дупчење во сопственост на Лукоил. Според Киев платформата ги снабдувала руските сили.

Украина тврди дека развила борбени беспилотни летала со дострел од над 2.000 километри.

Во соопштението на ГШ се посочува дека „одбранбените сили ќе продолжат да преземаат мерки за поткопување на офанзивните способности на агресорите и ќе ја принудат Руската Федерација да ја прекине својата вооружена агресија против Украина“.