Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украинците се повлекуваат од позиции во регионот на Харков – Русите во офанзива на северниот фронт

/

пред 890 дена

Сподели преку :

Украинската армија објави дека мора да се повлече од одредени области на северниот фронт, во областа Харков, каде Русија на 10 мај започна нова офанзива.

Во соопштението на украинскиот Генералштаб, се наведува дека армијата ги променила позициите во областите кај Лукјанц и Вовчанск.

„Како одговор на непријателскиот оган и пешадискиот напад, нашите единици се префрлија на поповолни позиции со цел да ги спасат животите на нашите војници и да избегнат жртви“, соопшти Генералштабот на социјалните мрежи.