Претседателот на Украина изјави дека мировните напори продолжуваат и покрај фокусот на САД врз Иран. Во своето видео обраќање, Володимир Зеленски ги сумираше дводневните состаноци меѓу украинската делегација и претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека постојат сигнали дека „можни се понатамошни размени“.
–Јасно е дека вниманието на американската страна во овој момент е првенствено насочено кон ситуацијата околу Иран и во тој регион, но оваа војна на Русија против Украина исто така мора да се заврши“, рече Зеленски.
Зеленски зборуваше и за ситуацијата на фронтот, велејќи дека во последните денови Русите извршиле повеќе напади и „значително ја засили својата активност“.
„Но, ова исто така значи и поголеми руски загуби“, додаде Зеленски.
Според Зеленски, во текот на изминатата недела повеќе од осум илјади руски војници биле убиени или сериозно повредени.











