Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украинските трупи навлегоа 10 километри на руска територија во регионот Курск

/

пред 805 дена

Сподели преку :

Украинските трупи напредуваа до 10 километри во Русија, што е веројатно најсериозниот граничен упад во конфликтот, oбјави денеска Институтот за проучување на војната.

Прокиевските сили упаднаа во југозападниот руски регион Курск во вторникот наутро, распоредувајќи околу 1.000 војници и повеќе од дваесет оклопни возила и тенкови, информации кои ги сподели руската армија.

Киев официјално не ја коментира операцијата.

Главниот руски генерал вчера вети дека ќе го запре упадот и ќе ги истурка украинските борци назад до границата.

„Украинските сили направија потврден напредок до 10 километри во руската Курска област во услови на континуирани механизирани офанзивни операции на руска територија. Сегашниот потврден обем и локација на украинскиот напредок во Курската област укажува дека украинските сили пробиле најмалку две руски одбранбени линии и упоришта“, соопшти американскиот Институт за проучување на војната во своето најново ажурирање.

Напредокот е фокусиран на логистичкиот центар Суџа, град со околу 5.000 жители сместен на осум километри од украинската граница.