Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Улицата поплавена, мајка и дете заглавени во автомобилот, успешно ги извлекле пожарникари

/

пред 444 дена

Сподели преку :

Околу 19 часот,  вчера од поплавена улица кај поранешниот силос на „Жито Вардар“,  во Велес пожарникарите успешно извлекле мајка и дете од заглавен автомобил, информираат од ТППЕ Велес.

Интервенирале и на поплавени дуќани и подруми долж главната улица „Благој Ѓорев“.

По интервенциите од поплави, пожарникарите од третата ноќна смена на ТППЕ Велес околу 22 часот итно се упатиле на гаснење на големиот пожар на Фабриката „Аринија“ во сопственост на ДПТУ „Мирана“ каде цела вечер интервенирале.

Големиот пожар во фабриката „Аронија“ успеале да го локализираат  во 4 часот наутро, а целосно го изгаснале утрово во 6:30 часот.