Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа со која се признава планот на претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, како единствен предлог за мир во Украина.
-Советот и денеска сакаше да донесе резолуција со која сакаше да го признае мировниот план на претседателот Зенески како единствена мировна формула која треба да се разгледа и поддржи. Тоа за нас е неприфатливо. И други направија мировни планови што не полоши.
Тој изјави дека ставил вето на резолуцијата бидејќи бил одбиен неговиот предлог во неа да се вклучат и други мировни планови.
Според Сијарто Советот на Европа би можел да биде одлична платформа за воспоставување мир во Украина но таа прилика е пропадната поради исклучувањето на Русија од советот.
-Наместо испораки на оружје и мечтаење за нуклеарна војна, потребни ни се вистински преговори изјави Сијарто и додаде дека такви преговори се возможни само доколку во нив учествуваат двете страни .











