Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Унгарија воведува вонредна состојба поради војната во Украина

/

пред 1593 дена

Сподели преку :

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска воведе втора вонредна состојба во земјата, овој пат за да се справи со последиците од војната во Украина.

„Светот е на работ на економска криза. Унгарија мора да остане надвор од оваа војна и да ја заштити финансиската сигурност на своите семејства“, изјави Орбан.

„Ова бара од нас да имаме можности и граници за акција и бара итна акција. Владата, остварувајќи го своето право според Уставот, прогласува вонредна состојба поради војната во Украина“, додаде Орбан.

Вонредната состојба стапи на сила синоќа на полноќ.

Непосредно пред најавата на премиерот, унгарскиот парламент го промени уставот на земјата за да дозволи таква мерка поради конфликтот.

Првите одлуки донесени според новата вонредна состојба ќе бидат објавени подоцна денеска.

Според невладините организации, вонредната состојба слична на онаа воведена за коронавирусот му дозволува на Орбан да ги ограничи или едноставно да ги суспендира основните права на сите.