Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уништен магацин за гориво во напад со беспилотно летало во руската област Ростов

/

пред 794 дена

Сподели преку :

Магацин за гориво во руската област Ростов рано утрово беше уништен по напад на украинско беспилотно летало, соопштија официјални лица.

Според руски извори беспилотно летало било соборено над територијата на индустриските магацини, а паѓањето на остатоци предизвикало пожар во складиште за дизел гориво.

За сега нема информации за жртви.

Паралелно Русија продолжи да напаѓа позиции во Украина и покрај упадот на украинските сили во рускиот пограничен регион Курск.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека собориле 14 руски беспилотни летала, вклучително и над регионот на Киев.

Меѓувреме, борбите продолжија во рускиот регион Курск, каде што украинските трупи се распоредени од 6 август во обид да го пренасочат воениот фокус на Кремљ подалеку од линијата на фронтот во Украина.