Реконструкцијата на Универзална сала целосно ја презема Министерство за култура, ова било договорено на денешната средба кај градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на кој присуствуваа министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Имаме комплетна согласност од градоначалничката Данела Арсовска за Универзална сала целосно да ја преземе Министерство за култура, рече Пенов, кој побарал објаснување и за други проекти, како што се подземниот премин кај „Рамстор“, мостот во Карпош кај Љубљанска и оној во Аеродром кој стои заради имотно-правни односи.
„За овие проекти се договоривме да соработуваме со Арсовска“, рече Пенов.
Во февруари годинава градоначалничката Арсовска доцнењето на реконструкцијата на Универзална сала го препиша на грешки во проектната документација и опасност по безбедноста на граѓаните. Според неа новопроектираните конструктивни елементи било предвидено да се постават врз трафостаница во рамки на постојниот објект за која постои проблем да се дислоцира.
Изградбата на Универзална сала доцни поради грешки во документацијата?











