Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УПОЗ упати барање на средба со владата, следен чекор е тужба за државата

/

пред 644 дена

Сподели преку :

Синдикакот на УПОЗ доставил официјално барање за средба со владини претставници, во насока на решавање на проблемот со колективните договори на дел од вработените во јавната администрација. Ова доаѓа како одговор на изјавите на власта дека решението треба да се бара преку дијалог, а не на протести.

Од УПОЗ велат дека доколку за нивното барање за средба повторно се нема слух, нивниот следен чекор ќе биде тужба за државата. Вработените во седум министерства и два државни органa неколку дена со ред излегуваат на протест со барање да бидат прифатени новите колективни договори со кои се предвидува зголемување на додатокот на плата за 30 отсто.

Револтирани се поради, како што велат, игнорирантскиот однос и нефер пракса, со оглед дека во министерствата и државните органи беа донесени ваквите договори, а вработените таму почнаа да добиваат повисоки плати.

Власта, пак, им одговори дека е свесна за нивните ниски примања но посочи дека пари за повисоки плати нема. Изрази и сомнеж дека протестите се политички мотивирани.