Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Управен ја отфрли тужбата на судијата Димовски

/

пред 497 дена

Сподели преку :

Управниот суд ја отфрли тужбата на судијата Андреј Димовски од Граѓанскиот суд против судскиот совет. Тој го оспоруваше начинот на кој бил оценет односно дека не му биле доделени поени соодветно на условите што ги исполнил а токму оценката од судскиот совет е клучно за рангирање и унапредување на судијата во повисокиот суд. Димовски бараше и замрзнување на неодамна направениот избор за унапредување на 6 граѓански судии во скопска Апелација но Управниот суд го отфрли и ова барање за времена мерка

Димовски ќе се жали на Вишиот управен суд а не се исклучува и барање на кривична одговорност за сите што придонеле да се попречи правдата, изјави неговата адвокатка. Според неа судот воопшто не се впуштил да одлучува мериторно по тужбата за разлика од првиот пат. Судот донесе дијаметрално спротивно решение кое значи озаконување на неправдата и поткопување на правниот поредок рече Јандриоска.