Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Урнат дрон над владината зграда во Варшава, уапсени двајца Белоруси

/

пред 395 дена

Сподели преку :

Полските безбедносни служби неутрализираа беспилотно летало кое леташе над владината зграда на улицата Парк и над палатата Белведер, официјалната резиденција на претседателот на Полска.

За инцидентот синоќа извести полскиот премиер Доналд Туск. Двајца државјани на Белорусија се уапсени и полицијата го истражува случајот.

Инцидентот се случи во период на зголемена безбедносна готовност во Полска, откако минатата недела руските дронови ја нарушија полската воздушна зона.

Областа околу улицата Парк е забранета зона за летање на беспилотни летала без дозвола, а прекршувањето се казнува со затвор до пет години.