Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уште 12 повредени префрлени на лекување во Србија, тројца во Грција и двајца во Австрија

/

пред 584 дена

Сподели преку :

Уште 12 повредени во пожарот во Кочани вечерва со авион се префрлени на лекување во Белград. Четворица од нив ќе бидат хоспитализирани во Воено медицинската академија, а осум во Универзитетскиот клинички центар, потврди за Телевизија Телма д-р Игор Николов, кој е контакт-лице за сите информации поврзани со состојбата на пациентите во странство.

Во Србија досега се префрлени вкупно 29 пациенти.

Двајца повредени, пак заминуваат на лекување во Виена, а тројца во Атина.

Во меѓувреме, на Клиниката за токсикологија во Скопје хоспиталзирани се 10 лица кои имаат интоксикација со гасови. Сите пациенти кои беа на лекување во Кочани се префрелени во Скопје. Уште три лица се донесени на опсервација поради вдишување на гасови.

Во пожарот во дискотеката во Кочани животот го загубија 59 лица, а 155 се повредени. Дел од повредените се хоспитализирани во болниците во земјава, а потешките случаи се префрлени на лекување во странство.