На Клиника за токсикологија во последните 24 часа се примени 4 пациенти од странство и по направените токсиколошки анализи се пуштени на домашно лекување.
Сите се во добра општа состојба, соопштуваат од Министерството за здравство..
Нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти од вчера, во Скопје вкупно се лекуваат 16 пациенти и се во добра општа состојба.
Од нив по 6 се во стара градска и ГОБ 8 Септември и 4 во клинички центар.
Во текот на вчерашниот ден кај двајца пациенти од Солун има одредено подобрување и се екстубирани, од интензивна нега се преместени на оддел за пластична хирургија, соопштуваат од Министерството за здравство.











