Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уште еден уапсен во Битола за измами со лажни сообраќајки

/

пред 225 дена

Сподели преку :

СВР Битола поднесе кривична пријава против 67-годишен битолчанец и против две непознати лица поради измами на  повозрасни граѓани. Осомничените се претставувале како лекари и ги доведувале во заблуда граѓаните  дека нивни блиски настрадале во сообраќајни несреќи и дека се потребни пари за нивно лекување.

На овој начин минатата недела  биле одземени 20.000 евра од 84-годишна жена и 83-годишен маж од Битола.

Вчера, при обид да измами 78-годишна жена,  таа го пријавила случајот во полиција и дополнително ја проверила информацијата во болница. Осомничениот бил уапсен во близина на Клиничката болница во Битола при обид да ги подигне парите и целосно го признал делото.

Инаку, полицијата на 22 февруари поднесе кривични пријави против четири лица кои со истиот начин на измама одзеле околу 60 илјади евра од граѓани во повеќе градови во државата, при што двајца од нив се во притвор.

Во овие измами со лажни сообраќајни несреќи, жртвите биле однапред таргетирани, а измамниците ги знаеле имињата на нивните блиски за кои лажно тврделе дека се тешко повредени. Координаторот на групата ги регрутирал останатите членови преку огласи за работа на интернет и ги испраќал на адреси за да ги подигнат парите.

Од полицијата апелираат граѓаните да не наседнуваат на вакви телефонски измами.

Емилија Мисирлиевски