Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уште една заплена на огромна количина марихуана во Струмичко

/

пред 239 дена

Сподели преку :

Конвој од камиони и комбиња денеска ја транспортираа запленетета марихуана од Струмица тешка околу 30 тони. Полицијата влезе во две фирми за одгледување на медицинска марихуана во регионот, а едната од нив „CBD Medplant“ од Борисово, Ново Село.

Формирана е во 2018 година, а сопственици се Коље Василев, Христијан Котев, Алекс Гомес, Добринка Кирилиева и СГБ проперти СА.

Инаку Тони Коцев таткото на Христијан Котев е поранешен председател на огранокот на СДСМ во Ново Село.

Најголемото количество на запленетата марихуана потекнува откму од  „CBD Medplant“. Фирмата, според бизнис мрежа и во 2023 и 2024 година работела со добивка. Едната година заработила 11 илајади евра, а другата 75 илјади евра.

Полицијата влезе во струмичките фирми, бидејќи се поврзани со скопската „Алфафарм“ од кај тргна истрагата и од каде се запленија претходно речиси 10 тони марихуана.

Станува збор за најголемата заплена на марихуана од независноста на државата.