Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уште едни неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

/

пред 468 дена

Сподели преку :

Без резултат завршија преговорите во Катар за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел, изјавија два неименувани палестински извори.

Според нив, првата сесија индиректни разговори во Доха не успеа бидејќи „израелската делегација немала вистински овластувања за да постигне договор со Хамас“.

Разговорите продолжија вчера пред третата посета, во рок од шест месеци, на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Белата куќа.

Нетанјаху, пред да замине за Вашингтон, наведе дека израелските преговарачи вклучени во разговорите за прекин на огнот имале јасни инструкции да постигнат договор за прекин на огнот под услови што Израел ги прифатил.