Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Успешна мисија на „Чандрајан 3“ – Индија е првата земја со летало на јужниот пол на Месечината

/

пред 1166 дена

Сподели преку :

Индиското вселенско летало „Чандрајан 3“ се спушти на јужниот пол на месечината и со тоа стана првата сонда во човештвото, која слетала на таа локација.

Претходниот обид на индиската вселенска програма во 2019-та година, пропадна со уривање на „Чандрајан 2“, судбина која пред неколку дена ја имаше и руското летало „Луна-25“.

Индија стана првата земја која успеала да испрати летало на јужниот пол на месечината и четврта, по САД, Кина и Советскиот Сојуз, која успеала да испрати летало на површината на месечината.