Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уставен денеска ќе расправа за одлуката за разрешување на директорот на агенцијата за разузнавање

/

пред 624 дена

Сподели преку :

Уставниот суд денеска ќе расправа за одлуката за разрешување на директорот на агенцијата за разузнавање и треба да донесе одлуката за именување нов.

Иницијативата ја поднесе Еролд Муслиу, пораншениот директор на агенцијата за разузнаваање, со образложение дека е дискриминиран по основ на пол и на политичка припадност, во врска со членот девет од Уставот.

Тој во барањето до уставните судии навел дека оспорената одлука не содржи никакво образложение, од кое може да се утврди дека е разрешен поради нестручно и несовесно извршување на функцијата, како што официјално било наведено во одлуката на претседателката на државата.

Денеска судиите ќе ја разгледуваат иницијативата на Муслиу, во која тој наведува дека политичката дискриминација е вршена, меѓу другото, и на начин што одредени лица од политичка партија најавуваат кадровски смени и ново раководство, иако немаат надлежност за тоа.

Во врска со дискриминацијата по основ на пол, наведено е дека претседателот на републиката го разрешува поради фактот што е маж, а во едно интервју има изјавено дека треба да се внимава на застапеноста на жените на највисоките функции.

Лани во јуни, претседателката на државата Гордана Силјановска информираше дека го разрешила директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, и на негово место ја назначи Габриела Јаковлева.