Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уставен не дискутираше за недела – неработен ден, иницијативата повлечена од технички причини

/

пред 1628 дена

Сподели преку :

Недела неработен ден уште има шанси да падне на Уставен суд. Уставните судии, отккако оформија предмет денеска ја одложија расправата по двете иницијативи на Стопанската комора на Северна Македонија која ги оспори измените во  двата закони со кои се регулира недела неработен ден-тој за трговија и за работни. Сметаат дека тие се противуставни – ги кршат уставните начела на  слобода на пазарот, владеењето на правото и начелото за еднаквост.

Нема информација кога пак уставните судии ќе расправаат по иницијативите на Комората, но нивната одлука ја чекаат и синдикалците и бизнисот.

Синдикатот веднаш се е закани со протести доколку недела неработен ден падне на Уставен суд. А денеска пак со рекација- го повикаа Уставниот суд веднаш да ја отфрли иницијативата на Стопанската комора која според нив е спротивна на Уставот. Владата пак најави дека одлуката е на уставните судии каква и да е  тие ќе мора да ја почитуваат.