Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уставниот суд не избра претседател и по осум круга гласање

/

пред 867 дена

Сподели преку :

Трет ден се гласа но без исход. Уставен суд е без претседател. И третиот кандидат кој беше единствен на гласачкото ливчер Осман Кадриу кој осовил 5 гласа, еден помалку од потребното двотретинско мнозинство.

Ова беше осми неуспешен обид за избор на претседател.

Претходно утринава  Ана  Павловска Данева се повлече од трката за да се деблокира процесот и да не дојде до криза, сепак Татјана Васиќ Бозаџиева и без противкандидата повторно доби само 5 гласа, исто како и Кадриу за кого се гласаше на пладне.

На Добирла Кацарска вчера ѝ заврши претседателскиот мандат, а деловникот не предвидува ниту заменик претседател ниту вршител на должност. За да не дојде до блокада деветмината судии одлучиле да управуваат колективно.

Со оглед дека сѐ уште не е избран нов претседател на Судот, а со цел Уставниот суд да функционира непречено, судиите едногласно зазедоа став дека за прашањата кои се однесуваат на управувањето, да се одлучува колективно. Уставниот суд е колективно тело, секако дека одлуките ги носат со мнозинство, а претседателот е само прв меѓу еднаквите, во таа смисла е колективното одлучување за прашања кои се однесуваат на управувањето, соопштија од уставниот суд.

Во делот на работата со предмети, Судот непречено работи, прима предмети и постојните предмети тековно се работат, предметите се поделени на судии и советници, објаснуваат од Уставен.

Кога ќе има нови обиди за гласање? Уставните судиите се консултираат кога и ќе продолжи седницата за избор на претседател. Според деловникот, гласањето се повторува до изборот на претседател на судот.

Неизвесно е и дали на избирачкото ливче ќе се повторат досегашните имиња или ќе се најдат нови на останатите петмина судии за кои до сега не се гласаше .

Телма претходно објави дека судиите се поделени во 2 табори – 5 наспроти 4. Поделеноста настанала  по точката за усвојување на измените на Деловникот, на седницата одржана минатиот понеделник. Главните причини за судир се прашањето за употреба на јазиците во Уставен, како и за местото заменик-претседател на судот.

Елена Ивановска Мукоска