Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

НБРМ : Усвоен најновиот Квартален извештај со есенските макроекономски проекции

/

пред 697 дена

Сподели преку :

Гувернерката  на НБРМ Анита Ангеловска Бежовска ги претстави макроекономските проекции за идната година.

Според нив годинава растот ќе заврши на 2,3 отсто, а за следната проекциите се пониски од владините.

Очекуваат растот на економијата следната година да изнесува 3,3 што исто така е пониско од проекциите на финансии дека тој ќе изнесува 3,6.

Генерално состојбите во домашната економија ќе зависат од случувањата во Германската економија.

Во однос на инфлацијата апелира да се внимава со одлуките кои се носат дома особено најавите за зголемување на платите.

Во однос на тоа кој ќе ја плаќа каматата за унгарскиот кредит од НБРМ велат дека не биле вклучени во процесот на преговарање.