Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Усвоени 7 кандидати за член на Судски совет, меѓу нив и поранешен шеф на кабинет на министер

/

пред 124 дена

Сподели преку :

Седум кадидати за нов член на Судскиот совет го поминаа филтерот во собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Сите се дипломирани правници, а станува збор за Шпреса Даути, Феузи Џафери, Елвир Исеини, Сабедин Даути, Артим Ислами, Фадил Џелили и Фатмир Емрулау. Но, Феузи Џафери бил и шеф на кабинет на министер за образование од редовите на ДПА. Тоа го потврди и пратениикот Беким Ќоку кој го презентираше кандидатот.

„Има околу 20 години работно искуство. Работел како шеф на кабинет кај министер за образование и наука и искуството кое што го има во администрацијата и во судството и како адвокат ги има надлежностите да даде придонес во работата и професионалноста во судството, рече Беким Ќоку, пратеник од БЕСА.

Инаку единствен министер за образование од редовите на ДПА е Сулејман Рушити кој функцијата ја извршуваше од 2006 до 2008 година. Пратеникот Шаќири истакна тоа значи дека кандидатот Феуза Џафери е политизиран.

„Поради фактот што се предлага од страна на самата оваа комисија и се вели дека бил шеф на кабинетот на еден од министрите, не знам кој тука се работи за политизиран кандидат. Му честитам на кандидатот може ќе биде со еден бекграуд и професионално искуство во областа на судството. Но, поради самиот факт што даваме ваков предлог и вакво претставување јас мислам дека ова лице е дел од политиката“, рече Ријад Шаќири, Алијанса за Албанците.

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска го праша Ќоку кои биле претходните предолзи кои не биле прифатени, на што тој одговори дека не се сеќава, но посочи дека таа имала сомнеж дека тие биле пратиски активисти.

„Јас не ве прашувам за партиска определба. Таман работа ние да зборуваме за избор на членови на Судски совет да бидат со партиска боја. Вие тоа го зборувате. Јас не реков дека имам некаков сомнеж. Вие тоа го мислите. Значи вие си ја имате мувата на капата“, порача пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска.

Испразнетото место во Судскиот совет доаѓа по истекот на вториот мандат во декември лани на Селим Адеми. Огласот беше објавен во април годинава. На него се пријавија 10 кандидати, но тројца беа отфрлени бидејќи не ги исполнувале условите.

Марија Митевска